-->
-->
Извлечени четвртфиналните групи и двојки за ракометниот Купот на Македонија
-->
Со ждрепката извршена во просториите на РФМ одредени се четвртфиналните групи од Купот на Македонија во машка конкуренција и четвртфиналните натпревари во женска конкуренција.
Четвртфиналните групи во машка конкуренција ќе се играат на 22 и 23 април 2017 година. Четирите победници на групите ќе обезбедат пласман на Фајнл Фор турнирот што ќе се игра во периодот од 19 до 21 мај 2017 година.
1/4 финале Куп на Македонија (мажи),
Група 1 – Организатор РК Металург
1/2 финални натпревари:
РК Пролет 62 – РК Металург
РК Македонија ЃП – РК Прилеп 2010
Група 2 – Организатор РК Охрид 2013
1/2 финални натпревари:
РК Работнички – РК Струга
РК Охрид 2013 – РК Металург 2
Група 3 – Организатор РК Еурофарм Работник
1/2 финални натпревари:
РК Пелистер – РК Вардар Јуниор
РК Младост 09 – РК Еурофарм Работник
Група 4 – Нема организатор
1/2 финални натпревари:
РК Вардар – ГРК Борец
РК Радовиш – РК Вардар 2
Согласно Пропозициите, натпреварите од групата која нема организатор ќе се играат на терените на извлечените домаќини. Во конкретниот случај, во Групата 4, во полуфиналните натпревари РК Вардар ќе биде домаќин на ГРК Борец, односно РК Радовиш ќе биде домаќин на РК Вардар 2. Во финалниот меч од групата, домаќин и организатор ќе биде победникот од натпреварот РК Радовиш – РК Вардар 2.
Во четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција, извлечени беа четирите двојки. Според Пропозициите, се игра еден натпревар, а победниците од четирите дуели ќе обезбедат пласман на Фајнл Фор турнирот. Четвртфиналните натпревари во Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се играат на 19 и 20 април 2017 година.
1/4 финале Куп на Македонија (жени) – Еден натпревар
ЖРК Гевгелија – ЖРК Овче Поле
ЖРК Вардар СЦЈС – ЖРК Вардар
ЖРК Куманово – ЖРК Металург
ЖРК Прилеп – ЖРК Пелистер
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево