Извештај: Земјите со силни социјални, економски и финансиски системи се поотпорни на криза
Земјите со напредна дигитална економија и дигитални вештини и со силни системи за економска и финансиска беа поуспешни во одржувањето на своите економии за време на корона-кризата, се вели во извештајот на Светскиот економски форум (СЕФ). Во тој контакст се истакнати Холандија, Нов Зеланд, Швајцарија, Естонија и САД.
Извештајот е објавен наместо Глобалниот индекс на конкурентност на СЕФ за 2020, кој годинава нема да биде објавен.
Во извештајот на СЕФ се посочува дека земјите со цврст систем на економска сигурност, како Данска, Финска, Норвешка, Австрија, Луксембург и Швајцарија биле подготвени да дадат поддршка на лицата кои останаа без работа.
Слично на тоа, во земјите со силни финансиски системи како што се Финска, САД, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур, полесно обезбедувале кредити за малите и средни фирми за да се спречи несолвентност.
Во извештајот се наведува и дека земјите кои можат успешно да ги планираат и интегрираат здравствените, фискалните и социјалните политики биле релативно поуспешни во ублажувањето на ефектите од кризата, како Сингапур, Швајцарија, Луксембург, Австрија и Обединетите Арапски Емирати.
Земјите со претходно искуство со епидемии на коронавирус (на пример, САРС) имаа подобри протоколи и технолошки системи (на пример, Република Кореја, Сингапур) и можат да ја контролираат епидемијата релативно подобро од другите, се вели во извештајот.
Извештајот, исто така, дава препораки за економско закрепнување и трансформација во четири области: поволно опкружување, човечки капитал, пазари и иновации.
Се нагласува дека преминот кон позелена и поинклузивна економија мора да биде поддржан со значителни инвестиции во инфраструктурата, вклучително и проширување на дигиталните мрежи. Данска, Естонија, Финска и Холандија во моментов се најдобро подготвени за тоа.
Понатаму, за зајакнување на зелената економија ќе биде потребна надградба на енергетската инфраструктура, транспортните мрежи и обврските на јавниот и приватниот сектор за проширување и почитување на мултилатералните договори за животна средина. Данска, Естонија, Финска и Холандија во тоа се најдобри, односно најподготвени да водат економска трансформација преку инфраструктурата. Меѓу помалку подготвени земји се Русија, Индонезија, Турција и Јужна Африка.
Зголемувањето на стимулациите за насочување на финансиските средства кон долгорочни инвестиции во реалната економија може да ја зајакне стабилноста и да ја прошири инклузијата. Така, Финска, Шведска, Нов Зеланд и Австрија се релативно подобро подготвени од другите напредни економии, додека САД се меѓу најмалку подготвените.
Предлог е и преминување кон попрогресивен даночен систем кој се појавува како клучен двигател на економската трансформација. Во тоа, Република Кореја, Јапонија, Австралија и Јужна Африка постигнаа највисоки резултати, благодарение на релативно добро избалансираната и прогресивна даночна структура.
Ново на Сител
-
Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-
Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра
-
ЗНАМ ја промовираше Националната платформа за македонско национално единство и црвените линии
-
ЕУ го усвои 15. пакет санкции против Русија
-
Во Белград и денеска студентски блокади на повеќе локации, излегоа и ученици од некои училишта
-
Откриени речиси 46 килограми кокаин во контејнер со банани на пристаништето во Солун
-
Собранието по скратена постапка го донесе Законот за вториот дел од унгарскиот заем
-
Песов: Украина продолжува да ги одбива преговорите со Русија