Извештај: Во 2018 година на секои 15 минути жените во Индија пријавувале силување

Индија е едно од најлошите места во светот за жените. Според извештајот на индиската Влада, во 2018 година секои 15 минути било пријавувано силување во 2018 година.
Според извештајот од Министерството за внатрешни работи во Индија, жените во 2018 година пријавиле речиси 34.000 силувања што е слична статистика во однос на минатите години. Повеќе од 85 отсто од сторителите беа обвинети, а само 27 проценти се осудени.
Истражувањата од 2016 година на Правната група за заштита и социјална еднаквост на жените во Њу Делхи (Partners for Law in Development) откри дека во просек се уште е потребно 8,5 месеци да се реши случај со силување, што е четирипати повеќе од препорачаниот период.
И покрај промените во судските реформи насилството не престана.
Случајот на групно силување во автобус во 2012 година ја шокираше јавноста и ги натера жителите на Индија да протестираат на улиците за безбедноста на жените и промена на судските реформи во Индија. Дваесет и три годишна девојката беше силувана во автобус од повеќе мажи, а по инцидентот беше хоспитализирана во Сингапур, но почина од здобиените повреди.
Ново на Сител
-

Владата одлучи: Контрола на сите плантажи за канабис
-

СДСМ: 11 дена молк за марихуаната
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја претворија Македонија во нарко картел
-

Девизните резерви надминаа 5,6 милиони евра
-

Од почетокот на следната недела заладување и врнежи од снег на повисоките места
-

Гаши: Ревизорските извештаи бараат суштинско разгледување, Собранието ќе ги зајакне механизмите за надзор
-

Укинување на дискреционото право на директорите при вработување медицински кадар помина на Комисијата за здравство
-

Мицкоски: Реконструиран локалниот пат село Корешница - село Челевец во Општина Демир Капија
