Извештај: Србија не ги имплементирала препораките на ГРЕКО
Србија не спровела ниту една од препораките за превенција на корупција меѓу парламентарците, судиите и обвинителите, наведува во својот извештај Групата држави против корупција (ГРЕКО), која функционира во рамки на Советот на Европа.
ГРЕКО забележува дека Србија не успеала на задоволителен начин да исполни ниту една од тринаесетте препораки кои анти-корупциското тело на Советот на Европа ги даде на земјата во јули 2015 година, се вели во денеска објавениот извештај.
ГРЕКО посебно препорача да се преземат чекори за подобрување на транспарентноста на парламентарниот процес, вклучително и обезбедување на соодветно време за поднесување измени, како и препораката за носење закон по итна постапка да биде исклучок, а не правило.
Групата нотира дека е постигнат ограничен напредок во однос на транспарентноста на активностите на парламентот, но се неопходни порешителни чекори во тој правец, вклучително и усвојување Етички кодекс и воведување правила за контакти меѓу членовите на парламентот и лобистите.
ГРЕКО препорача и уставна реформа со која ќе се исклучи Парламентот од процесот на назначување судии, како и ревизија на системот за оценување на работата на судиите. Во извештајот се наведува дека слична е ситуацијата и со обвинителите и побара српските власти да ги преразгледаат критериумите за назначување и напредување на обвинителите.
Ново на Сител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија