Извештај: Невладините во Ирак се на раб на исчезнување

Голем број малцинства се пред исчезнување по 13 години војна во Ирак, предупредуваат невладини групи.
– Ефектот врз малцинствата е катастрофален. Садам беше ужасен, но сега ситуацијата е многу полоша. Десетици илјади претставници на малцински групи се убиени и милиони се избегани за да спасат живот, наведува Марк Латимор, шеф на невладината органзиација Мајнорити рајт груп.
Христијаните во Ирак биле 1,4 милиони, а во моментот се помалку од 250.000, се вели во извештај на неколку невладини групи.
Малцинствата меѓу кои христијаните, јазидите, туркмените, шабаките и јарсаните се погодени потешко од населението, се вели во извештајот.
– Не може да се каже ништо добро за Садам, тој беше диктатор кој извршил геноцид, но за многу малцинства сега ситуацијата е многу полоша, нагласува Латимор.
Екстремистите од ИД пројавуваат особена нетрпеливост спрема јазидите кои ги сметаат за поклоници на ѓаволот, наведуваат невладините групи.
Ново на Сител
-

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува реизбор на Мицкоски
-

Без вода денеска дел од Пинтија
-

Најмногу дожд во Маврови Анови
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
