Извештај на ИЈЗ: Најмногу заболени во Скопје - најзастапена возрасна група е над 60 години
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 9 до 15 ноември 2020г. тестирани се вкупно 20.980 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела, кога беа регистрирани 7.280 нови случаи.
Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (n=3.305; 44,9%), со неделна инциденца – 535,1/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 35%, намалување за 2% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1646, 22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (n=1496; 20,3%), 40-49 (n=1435; 19,5%), 50-59 (n=1410; 19,2%) и 20-29 (n=961; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=120; 1,6%) и 10-19 години (n=287; 3,9%). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.731 (50,7%) лица од машки и 3.624 (49,3%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.524 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11.6% повеќе од минатата недела.
Пријавени се 172 смртни случаи од 23 града, зголемување од 35,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и два случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 155 или 90,1%.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 9 до 15.11.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.
Ново на Сител
-
ЈП ПОЦ минатата недела со санкции за 203 непрописно паркирани возила
-
Светска банка: Северна Македонија треба да спроведе реформи за справување со заканите поврзани со климатските промени
-
Едно лице загина, а едно е повредено во пукање во село Батинци, полицијата трага по сторителите
-
Уапсени директори на супермаркети во Мјанмар поради тоа што продавале ориз по многу високи цени
-
МВР: Чекањето на ГП Табановце за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија
-
Дел од српската опозиција за „Данас“: Владата ја направи безбедноста фарса
-
Венко Филипче избран за нов претседател на СДСМ, реакции од другите двајца кандидати | ВИДЕО
-
Активни пожари во струмичко и прилепско