Извештај на „Фридом хаус“: Македонија забележала напредок, но и поларизација
Во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом Хаус“ се посочува дека Македонија забележала демократски напредок изминатата година, но се нотира и силна политичка поларизација. Во извештајот се мери демократскиот напредок на државите во транзиција за период од една година.
Македонија добила оценка 3.86 за демократски прогрес, а во претходниот извештај оваа оценка била 3.82. Во категоријата национално демократско владеење државата добила оценка 3.50, за изборен процес 4.50, за граѓанско општество 4.75, за независни медиуми 3.50, за локално демократско управување 4.25, за судска рамка и независност 3.25, додека за корупција била оценета со 3.25.
Во извештајот е наведено дека во Македонија се нотира силна политичка поларизација и парламентарните блокади, го попречиле усвојувањето на законодавството на национално ниво, но оти прогресот на локалните власти во однос на транспарентноста, граѓанското учество и меѓуопштинската соработка, имал забележително позитивно влијание врз демократијата и исполнувањето на јавни услуги.
Земјите од Западен Балкан искажале разочарување во однос на пристапувањето во Европската Унија.
- Граѓаните на Западен Балкан се чувствуваат напуштени од домашните елити кои се спротивставуваат на демократските реформи и од меѓународните елити кои немаат решеност да го следат процесот на пристапување, пишува во извештајот.
Демократските институции на Западен Балкан продолжиле да слабеат во 2022 година, со скромни подобрувања во Македонија, Албанија и во Косово.
Од земјите во Западен Балкан, Македонија е најдобро рангирана. Србија во моментов го дели второто место на Западен Балкан со Црна Гора и Албанија.
Ново на Сител
-
Штипското Обвинителство ги испитува причините за несреќата на патот Штип-Радовиш, каде загинаа тројца странски работници
-
Случај Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании
-
Трамп: Мора да се справиме со радикалните левичарски лудаци
-
Десницата и левицата и во ЕП поднесоа одвоени предлози за изгласување недоверба на Еврокомисијата
-
Во недела и понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Советот на Општина Кочани го поништи решението на в.д. градоначалникот за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број ученици
-
Мајка и ќерка се степале пред угостителски објект во Кавадарци
-
Мицкоски: Пожарите на депониите се подметнати-државата жестоко делува