Извештај на ЕК: Постигнат напредок во економската и монетарната политика, недостатоци во следењето на фискалните ризици
Извештајот на Европската Комисија за напредокот за 2023 година покажува дека државава е меѓу умерено и добро ниво на подготовка во областа на економската и монетарната политика и постигнат е одреден напредок. Во однос на економската политика, информациите во фискалната стратегија се подобрени, но усогласеноста со фискалната рамка на ЕУ е само делумна и и натаму се забележуваат недостатоци во следењето на фискалните ризици.
Според Iзвештајот, во наредната година треба да се усвои законодавството за спроведување на Законот за буџет со цел целосна примена на фискалните правила, зајакната среднорочна буџетска рамка и прудентно управување со фискалните ризици, но и да се преземат потребните законодавни и организациски чекори за да му овозможи на Фискалниот совет да ги преземе операциите и да го оцени буџетот за 2024 година и новата фискална стратегија, како и да се исклучи централната банка од опсегот на Законот за државни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за системот на плати.
-Потребно е да се одржи независноста на централната банка во нејзините клучни статутарни задачи, вклучително и во однос на кадровските прашања, во согласност со Законот. Во таа насока, централната банка треба да биде исклучена од опсегот на законите кои може да влијаат на нејзината независност, вклучително и Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор како и новиот Закон за плати во јавниот сектор. На централната банка треба да и биде овозможено да ја спроведува внатрешната организација и плановите за вработување без да мора да бара одобрение од Владата, се вели во Iзвештајот.
Исто така, се наведува дека одредбите од новиот Закон за буџет треба брзо да се спроведат во целост, а како што е предвидено со истиот закон, потребно е да се развие сеопфатен регистар на претпријатија во државна сопственост и методологија за проценка на поврзаните ризици.
Во однос на спроведувањето на мерките за структурни реформи на Програмата за економски реформи, се потенцира дека тоа треба да се подобри, бидејќи, како што се вели, беше засегнато од ограничениот капацитет на јавните институции и фокусот на краткорочни мерки за неутрализирање на енергетската криза.
Ново на Сител
-
Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, започна доказната постапка
-
18-годишен мотоциклист почина откако се судри со „бмв“ со швајцарски национални ознаки
-
Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска
-
Поништен тендерот за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз
-
Привршува рокот за електронско пријавување за сместување во студентските домови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол и марихуана
-
Директорка на училиште во Виница си ја вработила ќерката како професор по математика, иако немала соодветно образование
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија