Извештај: Франција одговорна, но не е соучесник во геноцидот во Руанда
– Франција има „тешка и огромна одговорност“ за геноцидот во Руанда во 1994 година, но нема докази дека Париз е соучесник во злосторството, се наведува во извештајот на француските историчари, што синоќа беше доставен до францускиот претседател Емануел Макрон.
Во извештајот се потенцира дека Франција била „слепа“ за подготовките за геноцид во Руанда. Најмалку 800.000 луѓе беа убиени кога екстремистите Хуту ги масакрираа припадниците на малцинството Тутси и умерените Хути во 1994 година.
Руанда веќе долго време ја обвинува Франција дека е соучесник во геноцидот.
Макрон извештајот го оцени како „важен чекор кон заедничко разбирање на улогата на Франција“ во Руанда и најави отворањее на две клучни архиви за геноцидот. Тој додаде дека ќе продолжат напорите за казнување на одговорните за злосторството, кои досега ја избегнаа правдата.
Поради историските врски меѓу Париз и режимот на претседателот на Руанда, Јувенал Хабијаримана, голем број лица осомничени за евентуално извршување злосторства побегнаа во Франција по 1994 година, а некои случаи добија и француско државјанство.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана