Изведе неверојатни вратоломии: Драгана победи во ТЛЗП, пееше одлично додека висеше како Пинк
Во синоќешната епизода на хуамнитарното шоиу „Твоето лице звучи познато“ што се емитува на Сител гледавме жешки настапи, но и нежни, емотивни балади.
По гласањето на жирито и натпреварувачите, Драгана Миќаловиќ имаше најмногу бодови, однсоно доби 1.000 евра кои ќе ги уплати во хуманитарни цели. Наградата ќе ја донира на организација која се занимава со помагање на деца болни од рак
.
Драгана Миќаловиќ ги остави сите без здив настапувајќи како Пинк со својот познат танц на висечка свила.
-Јас повеќе немам зборови како да те пофалам, што се можеш ти! Само да знаете дека немаше никакви сигурносни мрежи и жици, рече Нина.
Ѓуро и Андрија излегоа на сцената да ја пробаат свилата, а Андрија успеа некако да се качи да се заљуља на бината.
-Беше феноменално, беше многу добро но малку ми се врти во глава. Беше спектакуларен настапот, фантастичен. Гаго врвна изведба и секоја ти чест, ова навистина не беше лесно да се направи, рече Милошевиќ.
Ново на Сител
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“
-
Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
-
Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа
-
Македонските кошаркарки поразени од Бугарија на кадетското ЕП
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите