Извадил сачмарка и ја убил мајката на своето дете пред неговите очи: Ужасниот настан се одвивал пред полициска станица во Калифорнија

Еден татко од Калифорнија ја убил мајката на своето дете во текот на размена пред локалната полициска станица.
Џејкоб Мун (30), татко од Калифорнија, е уапсен поради наводно убиство на 27-годишната Бренда Рентаи, мајка на својот син, и тоа со сачмарка.
Убиството се случи во неделата во текот на размена на детето пред локалната полициската станица. Како што се наведува, Бренда отишла во полициската станица за да го земе синот од таткото.
Таа наводно се плашела од Мун, па го прашала семејството да дојде со неа на размена. Додека стоеле напред, родителите почнале почнале да се караат. Во некој момент, Мун наводно испукал од сачмарката во Бренда, убивајќи ја на само неколку чекори од влезната врата во полициската станица.
Мун, која има насилна криминална историја, по убиството побегнат со својот црн камионет, а уапсен е во текот на ноќта.
Неговиот 17-месечен син бил присутен во моментот на пукањето, но не е повреден.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
