Изрешетан на погребот на пријател на кој биле и Кустурица, Чолиќ и Брега
Миломир Ј.(45) од Враниќ е убиен денеска попладне по 14 часот со куршуми од огнено оружје на гробиштата во Сопот по погребот на Новак Тодоровиќ.
На погребот на Тодоровиќ многу емотивен говор одржа српскиот режисер Емир Кустурица кој се прости од пријателот. Тој во својот говор се сети на детството и дружењето со покојниот Новак во градот на Миљацка.
На погребот на Тодоровиќ меѓу присутните биле и Здравко Чолиќ и братот на Горан Бреговиќ.
Новак Тодоровиќ кој денеска е погребан беше еден од повидните сараевчани кој пред војната се преселил во Сопот. Тој и неговиот брат Новица познат како Профа успеале тој имиџ да го одржат и во Младеновац, каде им беше базата на бизнисот но и во Србија.
Инаку, по погребот на Тодоровиќ, на паркингот пред гробиштата во Сопот, изрешетан е Миломир Ј. (46) од Враниќ.
На него пукал непознат напаѓач, додека Миломир се подготвувал да влезе во автомобилот по погребот на кој присуствувал.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица