Изречени 325 казни за брзо возење на патиштата во државата
Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на патиштата од Гевгелија до Скопје и од Куманово до Охрид, а во текот на вчерашниот ден (27.03) санкционирани се 325 возачи за возење со брзина погилема од дозволената, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Тетово.
-На територијата на СВР Тетово полициските службеници санкционирале 194 возачи, од страна на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи се изречени 47 мерки, а останатите се од страна на полициски службеници од СВР Охрид, СВР Куманово и СВР Скопје- соопшти Ангеловски.
38 возачи возеле со дури 70 километри на час над дозволената бризна, а 146 со брзина од над 50 километри на час над дозволеното.
„Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). Покрај сообраќајните контроли, спроведуваме и превентивни акции со цел да ја зголемиме сообраќајната култура. Од овој месец заеднички со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ја почнавме кампањата за користење на сигурносен појас, а во тек се и други превентивни активности“, рече Ангеловски.
Портпаролот Ангеловски најави продолжување на засилените контроли и апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени
-
Изгоре сопственикот на куќата во вчерашниот пожар во Велес
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија