Изречени 114 санкции на возачи во Штип
Во текот на вчерашниот ден полициските службеници на неколку пунктови во градот Штип при сообраќајна акциска контрола изрекле 114 санкции, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
Најголем дел од санкциите се за нерегистрирани возила и возење без возачка дозвола.
– Дваесет и една од изречените санкции е за измината важност на сообраќајната дозвола, односно нерегистрирани возила, 20 за возење без возачка дозвола, санкционирани се 19 мотоциклисти, изготвени се четири барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица, а изречени се и 12 санкции за неносење заштитна маска, вели Панјотова.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. СВР-Штип апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости