Изречена казна од 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар кај Градско

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, Државниот инспектор за животна средина (ДУЖС) темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско, по што за правното лице е изречена казна од 20.000 евра во денарска противвредност за загадување на површински води, согласно Законот за води, информираа денеска од ДИЖС.
Според информациите, наведуваат од во соопштение, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви.
-Наредено е и чистење на остатоците од излевањето во кругот на оранжериите, како и склучување договор со компанија лиценцирана за транспорт и отстранување на опасен отпад, посочуваат од ДИЖС.
Од Инспекторатот дополнуваат дека наредниот ден е извршен и дополнителен контролен надзор при кој е утврдено дека правното лице има постапено по наредбата.
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
