-->
-->
Израелските сили повторно пукаа врз цели во Газа
-->
Израел потврди дека денеска, како одговор на запалливи балони лансирани од Газа, биле извршени напади врз воени цели и места за лансирање на Хамас.
Израелската војска ги потврди воздушните напади врз Газа и во објавата на Твитер наведе дека се подготвува за различни сценарија, вклучително и можност за ескалација на непријателствата со Хамас. Медиумите во Газа објавија дека израелски авиони бомбардирале повеќе цивилни цели, но нема потврда за можни жртви.
Во средата, израелската армија изврши воздушни напади врз цели на Хамас во појасот Газа, кршејќи го примирјето постигнато кон крајот на мај за првпат, како одговор на запалливи балони од палестинската територија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-

Трамп го пофали кинескиот претседател како „голем лидер“, рече дека му е чест што го има за свој пријател
-

Сиљановска-Давкова ја обновува практиката на отворени канцеларии на Претседателот
