Израелски воени авиони нападнале цели во Сирија
Авиони на Военото воздухопловство на Израел синоќа ракетирале цели во Сирија, а потоа биле нападнати со противавионски ракети, соопшти израелската армија.
Во соопштението на изралеската армија стои дека авионите погодиле неколку цели, пред да бидат нападнати со противавионските ракети. Израелската противвоздушна одбрана пресретнала една од нив.
Се дополнива дека во ниту еден момент не била загрозена безбедноста на израелските граѓани или на пилотите.
Весникот „Хаарец“ пишува дека Израелците собориле сириска противвоздушна ракета во северниот дел.
Претходно, беше јавено дека израелската територија во долината на реката Јордан била цел на ракетен напад.
Израелската армија наведе дека синоќешниот инцидент бил причина за вклучлување на сирените во еврејските населби на Западниот Брег.
Израел во голема мерка не е погоден од сириската војна и само понекогаш до неговата територијата близу границата паѓаат залутани гранати, на што тој вообичаено не возвраќа.
„Хаарец“ пишува дека, сепак сегашниот инцидент е најсериозен меѓу двете земји од почетокот на граѓанската војна во Сирија пред шест години.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња