Израелски ракетен напад врз воена позиција во Сирија, Дамаск возврати

Израелски воено воздухопловни сили нападнаа денеска една од воените бази во централниот дел на Сирија, изјави извор од сириската воена команда.
Според агенцијата САНА, Израел „извршил нов акт на агресија против Сирија“.
Сириската противвоздушна одбрана одговорила на нов израелски напад во близина на главниот град Дамаск по претходниот удар во централниот дел на земјата, објави сириската државна телевизија.
Според медиумот, денеска биле слушнати експлозии во провинцијата Риф Дамаск, во близина на главниот сириски град.
Израелската армија соопшти дека извршила силен напад врз противвоздушни системи и ирански цели во Сирија. Нападнати биле 12 позиции, вклучувајќи три батерии на противвоздушната одбрана и четири ирански објекти во Сирија. Армијата соопштува и дека сирени за воздушна тревога се слушаат од Голанската Висорамнина, но не се откриваат повеќе детали за ситуацијата.
Сириските безбедносни сили тврдат дека поразиле неколку авиони на противникот.
Тројца припадници на провладините сириски сили се убиени во израелскиот напад врз воздушната база во Сирија. Бил уништен магацин за оружје и воен автомобил во провинцијата Хомс.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веднаш спроведе безбедносни консултации поради ситуацијата на границата со Сирија. Членовите на израелскиот Совет за безбедност добиваат информации за деталите околу случувањата.
Аеродромот во Тел Авив е времено затворен поради инцидент со ирански дрон, кој бил пуштен од Сирија.
Ново на Сител
-

Два светски рекорди на атлетскиот митинг во Цирих
-

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Словенија
-

Четири активни пожари, три под контрола, 24 се изгаснати
-

Крводарителска акција во чест на празникот Голема Богородица организира Црвениот крст
-

САД се близу до договор за пристап до венецуелските нафтени резерви
-

Во поплавите во Непал 469 жртви, повеќе од 1.300 лица се водат како исчезнати
-

Успение на Пресвета Богородица: Зошто го барате во гробот, она што беше пренесено на небото
-

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО
