Израелски министер нападнат од демонстранти во еврејска населба на Западниот брег
Десетици демонстранти го нападнаа денеска израелскиот министер за градежништво и станбена политика, Јоав Галант, кој беше во посета на еврејска населба на Западниот брег.
Насобраниот народ во населбата Амона, каде се приближува утврдениот судскиот рок за напуштање од страна на неговите жители, го опколија автомобилот на Галант, извикувајќи „предавник“. Демонстрантите удираа по возилото, скокаа врз него и го гаѓаа со јајца.
Според судот, 40 еврејски семејства, кои живеат во Амона заедно со своите над 200 деца, треба да ја напуштат населбата до 25 декември, бидејќи земјиштето е во сопственост на Палестинци од околните села на Западниот брег.
Минатата недела жителите на Амона го отфрлија предложениот компромисен договор од властите за преместување на соседно земјиште, истакнувајќи дека со зделката не им се овозможува на сите луѓе да продолжат да живеат во реонот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници