Свет
12. November 2023 - 9:09

Израелски авиони извршија напади врз цели во Сирија

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека воени авиони извршиле напади врз „терористичката инфраструктура во Сирија“ како одговор на вчера истреланите ракети од Сирија кон Голанската висорамнина.

Не е прецизирано кои локации биле цел на нападот, пишува Тајмс оф Израел.

Голанската висорамнина е регион на Блискиот Исток кој зазема околу 1800 км2 и сега е под контрола на Израел, како директна последица од Шестдневната војна, а претходно бил под сириска контрола.

ООН го смета регионот за „окупиран“ од страна на Израел, и „интегрален дел на Сирија“.