Израелската Влада легализира една еврејска населба на Западниот Брег
Израелската Влада одобри да се легализира една еврејска населба на Западниот Брег, еден ден пред парламентарните избори.
На легализирањето на населбата прво се спротивстави врховниот израелски обвинител Авихај Манделблит, токму поради изборите, но вчера се откажа од тоа.
Израелските министри едногласно се изјаснија за легализација на седница на Владата одржана во долината на реката Јордан, за која премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху најави анексија доколку победи на изборите.
Владата се согласи да ја „претвори дивата населба Мевот Јерихо во долината на Јордан во официјална“, стои во соопштението на кабинетот на премиерот, по седницата одржана вон Ерусалим.
Населбата се наоѓа во близина на Јерихон, главниот палестински град во плодната долина на реката Јордан, северно од Мртвото Море.
Советот на еврејските населби ја поздрави одлуката на Владата, истакнувајќи ја „големата стратешка важност на населбата“.
– Се надеваме дека тоа е почеток на израелскиот суверенитет над целиот Западен Брег, изјави Хананел Дорани, претседавач со советот.
Ново на Сител
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме
-
Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед
-
Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
-
Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот
-
Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори
-
ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
-
ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа