Израелската Влада легализира една еврејска населба на Западниот Брег
Израелската Влада одобри да се легализира една еврејска населба на Западниот Брег, еден ден пред парламентарните избори.
На легализирањето на населбата прво се спротивстави врховниот израелски обвинител Авихај Манделблит, токму поради изборите, но вчера се откажа од тоа.
Израелските министри едногласно се изјаснија за легализација на седница на Владата одржана во долината на реката Јордан, за која премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху најави анексија доколку победи на изборите.
Владата се согласи да ја „претвори дивата населба Мевот Јерихо во долината на Јордан во официјална“, стои во соопштението на кабинетот на премиерот, по седницата одржана вон Ерусалим.
Населбата се наоѓа во близина на Јерихон, главниот палестински град во плодната долина на реката Јордан, северно од Мртвото Море.
Советот на еврејските населби ја поздрави одлуката на Владата, истакнувајќи ја „големата стратешка важност на населбата“.
– Се надеваме дека тоа е почеток на израелскиот суверенитет над целиот Западен Брег, изјави Хананел Дорани, претседавач со советот.
Ново на Сител
-
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-
Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани
-
Отпорноста на антибиотици може да убива милиони луѓе во светот
-
Кривична пријава за Кичевчанец, нападнал адвокат во судница во Дебар
-
Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари
-
Поевтинуваат бензините од полноќ, ова се новите цени
-
Познат идентитетот на починатото лице пронајдено во Охрид
-
Скопјанка донесе на свет женско бебе во амбулантно возило на пат кон болница | ФОТО