Израелската полиција приведе петмина фински државјани, меѓу кои и парламентарка
Израелската полиција приведе петмина фински државјани, меѓу кои и една парламентарка.
Финската парламентарка Ана Контула и четворица фински хуманитарни активисти се приведени откако се обиделе да ја преминат оградата што го одделува Израел од блокираниот палестински појас Газа.
Израелскиот весник „Хаарец“ пишува дека финските активисти се обиделе да ја преминат оградата во знак на протест поради големата хуманитарна криза во Газа.
– Очекуваме сите посетители, а особено јавните службеници, да ги почитуваат израелските закони, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Финската амбасада во Израел одби да го коментира инцидентот и порача дека активноста на Ана Контула била приватна, а не службена.
Од Газа го осудија приведувањето на финските активисти.
Палестинците секој петок протестираат на границата на блокираната енклава Газа и бараат прекин на 12-годишната блокада што ја уништи економијата во тој крајбрежен регион.
Ново на Сител
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани