Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа
Израелските воздухопловни сили викендов нападнаа повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на денешното соопштение на израелската армија објавено на Телеграм.
Како резултат на тоа, десетици терористи на Хамас беа „ликвидирани“ како одговор на нападите на палестинското исламистичко движење, се вели во соопштението.
Војската, исто така, соопшти дека погодила неколку локации за лансирање ракети за кои се верува дека биле користени за ракетни напади од Појасот Газа на израелска територија.
Според израелската војска, во пресрет на нападите биле преземени бројни мерки за да се намали ризикот од цивилни жртви.
Воените и разузнавачките служби на Израел „ќе продолжат да дејствуваат против терористичките организации во Појасот Газа за заштита на граѓаните на Израел“, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба
-
Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, ако има одлука ќе ги вратиме 50. милиони евра од солидарен данок, вели Мицкоски
-
СЗО со порака до Трамп: Обезбедуваме клучна заштита за САД од закани