Израелската армија нападна цели на Хезболах во Либан
Израелската армија соопшти дека извршила воздушни напади во Либан насочени кон шиитското движење Хезболах, сојузник на Хамас.
– Борбени авиони ја нападнаа инфраструктурата на терористичката организација Хезболах на територијата на Либан. Во нападот уништено е оружје, позиции и објекти, објави армијата на платформата Икс.
Тензиите на израелско-либанската граница ги зголемија стравувањата од проширување на војната помеѓу Израел и Хамас, која почна откако палестинското исламистичко движење на 7 октомври го нападна Израел, при што загинаа над 1.400 луѓе, од кои поголемиот број цивили.
Додека според палестинското Министерство за здравство во израелското бомбардирање на Појасот Газа досега загинале над 8.300 луѓе, а најголемиот број од нив се цивили.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ