-->
-->
Израелската армија нападна цели на Хезболах во јужен Либан
-->
Израелската армија соопшти дека нападнала цели на исламистичката група Хезболах во јужен Либан и ги засилила нападите врз Појасот Газа, по вчерашните ракетни напади врз Израел од либанска територија.
– Израелските одбранбени сили нема да дозволат терористичката организација Хезболах да дејствува од Либан и да ја сметаат либанската држава одговорна за каков било насочен оган што доаѓа од нејзина територија, се наведува во соопштението на израелската армија.
Силни експлозии се регистрирани утрово во областа на јужниот либански град Тир. Телевизискиот канал Ал-Манар на проиранската група Хезболах соопшти дека бомбардирањата биле насочени кон три области во јужен Либан, од кои едната била бегалскиот камп Рашидие.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Даути: Изгласаната интерпелација според заклучокот значи мое разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени го погоди југозападниот дел на Јапонија
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
Германија пријави нелегални летови со дронови над воената база
-
За една година патувањето со авион во Грција поскапо за 47,7 отсто
-
Иниго Мартинез се повреди во финалето на Суперкупот
-
Три затворски, една условна и една ослободителна пресуда за уништувањето на опремата за прислушување
-
Забрана за движење на камиони на планинскиот превој Плетвар