Израелец ја избричил брадата по 14 години и ја шокирал сопругата
Четириест и четиригодишниот Израелец Амит за потребите на снимањето на една реклама морал да ги избричи брадата и мустаците што ги носел цел 14 години.
Искуството на „обезбрадениот“ Амит покажува колку една навидум мала работа, како што е брадата, прави разлика во изгледот на еден човек.
Отакако се избричил, Амит отишил во семејната продавница, каде во моментот се наоѓале неговите мајка и сестра, кои во првиот миг не го препознале. Истото се случило и кога „променетиот“ Амит се сретнал со татко му. Сите тие во првиот миг биле шокирани, а потоа почнале да се смеат.
Новиот изглед на Амит бил уште пошокирачки за неговата сопруга, која никогаш до тогаш го немала видено без брада. Таа, како и остантите не го препознала во првиот миг, а потоа кога сфатила што се случило била пресреќна.
- Кога те видов, сакав да те изневерам со новиот ти, му рекла сопругата.
Но, за разлика од сите останати ќерката на Амит, која целиот свој живот го знаела со брада, веднаш го препознала својот избричен татко.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника