Свет
2. April 2017 - 21:19

Израел, со помош на САД, го заврши повеќеслојниот одбранбен систем „Давидова прачка“

Од денеска станува оперативен заедничкиот пресретнувач на балистички ракети од среден досег на Израел и САД, познат како „Давидова прачка“, што за своја цел го има пресретнувањето на ракетите на екстремистите од движењето Хезболах, поставен заради тензиите со Сирија и Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на свечената церемонија изјави дека пресретнувачот е од „најголема важност“, предупредувајќи дека кој и да се обиде да удри врз Израел ќе биде удрен и дека секој кој го доведува Израел во опасност и самиот се доведува во опасност.

„Давидовата прачка“ е последниот во повеќеслојниот израелски заштитен систем, покрај „Стрела“, што пресретнува далекуцелни балистички ракети во стратосферата и „Железната купола“, што го брани Појасот Газа од балистички ракети со краток досег.

Системот „Давидова прачка“ го разви израелската одбранбена фирма „Рафаел“, во соработка со американската компанија „Рејтион“.