Израел повторно се отвора за туристи од одредени земји
По едномесечна пауза поради новиот бран на Ковид-19, Израел на 19 септември ќе ги отвори вратите за групи странски туристи, соопштија властите.
Благодарение на забрзаната кампања за вакцинација во текот на зимата, Израел го отвори најголемиот дел од својата економија во пролетта, а во мај им дозволи на групи странски туристи да влезат согласно здравствените протоколи.
Меѓутоа, властите ја суспендираа програмата на 11 август поради ново зголемување на бројот на заразени случаи со делта сојот на коронавирус, првенствено меѓу невакцинираните.
Минатата недела, кога започна новата учебна година, земјата објави рекорден број, 11.000 заразени дневно. Тој број се намали на 4.975 во саботата, соопшти Министерството за здравство, истакнувајќи дека бројот на тешки случаи исто така опаѓа.
Министерството за туризам соопшти дека од 19 септември туристички групи од пет до триесет лица ќе можат да влезат во Израел, освен оние кои пристигнуваат од земјите на таканаречената црвена листа, на која моментно се наоѓаат Бразил, Турција, Бугарија и Мексико.
Властите се уште не објавија од кога Израел ќе биде отворен за индивидуални туристички посети.
– Нема ограничување за бројот на странски групи КОИ можат да влезат во Израел, се додава во соопштението на Министерството за туризам, во кое се наведува дека од мај до август „повеќе од 2.000 туристи влегле во земјата, главно од САД и Европа“ и дека „во тие групи не се откриени случаи на Ковид-19“.
Туристите мораат во последните шест месеци да бидат вакцинираат со втора доза или да имаат потврда за вакцинација со третата доза, нагласуваат властите.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток