Израел почна со уривање домови во предградијата на Ерусалим
Израелските сили денеска почнаа да ги уриваат зградите во близина на воените бариери во предградијата на Ерусалим, соочени со палестински протести и меѓународни критики.
Булдожери придружувани од стотина израелски војници и полицајци влегоа во Сур Бахер, палестинско село покрај источниот дел на Ерусалим, во областа која Израел ја освои и окупира во Блискоисточната војна во 1967 година. Тие влегле во селото во раните утрински часови и почнале да ги вадат жителите од нивните домови.
– Тие во два часот наутро почнаа да ги евакуираат луѓето од нивните домови и да поставуваат експлозиви во куќите и зградите кои сакаат да ги уништат, изјави комуналниот водач во селото, Хамада Хамада.
Уривањето го снимиле палестински, израелски и меѓународни активисти кои се собрале во обид да го спречат уништувањето на станбените објекти.
Израелскиот Врховен суд минатиот месец пресуди дека тие згради ја кршат забраната за градба во регионот. Рокот на жителите да ги напуштат домовите истече во петокот.
Палестинците стравуваат дека уништувањето куќи и згради во близина на оградата, ќе создаде пракса за останатите места долж бариерата, која се протега стотици километри покрај Западниот Брег под израелска окупација.
Денешните уривања се дел од долгиот спор околу иднината на Ерусалим, кој е дом за повеќе од 500.000 Израелци и 300.000 Палестинци, но и свет град на јудаизмот, исламот и христијанството.
Ново на Сител
-
Дел од маркетите замрзнаа цени на основни производи во наредните шест месеци
-
Продолжува протестот на УПОЗ
-
СДСМ: Власта да им ги зголеми платите на административците
-
Нови авио линии
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија
-
Македонски навивачи држени четири и пол часа на хрватска граница, се барале знамиња со сонцето од Кутлеш
-
Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер