Израел одобри изградба на 2.500 домови на Западниот брег

Израел денеска дозволи изградба на 2.500 домови за еврејски граѓани на Западниот брег, што е најголем број во последните месеци на оваа окупирана палестинска територија.
- Министерот за одбрана Авигдор Либерман и премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучија да одобрат изградба на 2.500 домови во Јудеја и Самарија, кои ќе го решат станбеното прашање, истакна портпарол на израелското Министерство за одбрана.
Министерот Либерман истакна дека „голем дел од новите домови ќе бидат во блокови во реони, каде живеат најмногу жители и кои Израел сака да ги зачува под своја контрола при иден мировен договар со Палестинците“.
Изборот на американскиот претседател Доналд Трамп ги охрабри израелските високи функционери, кои ја штитат населувачката политика во окупираните територии, меѓу кои се и Либерман и Нетанјаху. Трамп најави дека ќе ја поддржи изградбата на населбите, а голем дел од меѓународната заедница тоа го смета за незаконско и како пречка за мир со Палестинците.
Веднаш откако Израел соопшти дека ќе гради 2.500 домови на Западниот брег, палестинското раководство побара од меѓународната заедница да преземе соодветни мерки.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
