Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан

Израел денеска објави нова карта на териториите во јужен Либан што се под контрола на Израелските одбранбени сили (ИДФ).
Претходно во текот на денот, израелски претставници изјавија дека Израел води разговори со САД за можноста силите на ИДФ да останат распоредени на либанска територија.
Вашингтон и Техеран вчера потпишаа привремен договор за прекин на војната, при што Исламската Република побара запирање на борбите на сите фронтови, вклучително и во Либан, како и гаранции за територијалниот интегритет и суверенитетот на земјата.
Израел ги отфрли повиците за повлекување на своите сили, кои навлегоа во јужен Либан во март како одговор на ракетните напади на проиранската група Хезболах.
Во текот на израелските операции беа убиени илјадници луѓе, а голем број населени места беа уништени, што предизвика масовно раселување на населението.
Хезболах и оваа недела продолжи со нападите врз израелските позиции во јужен Либан, при што беа пријавени загинати и ранети израелски војници во напад со дрон.
Во април, ИДФ објави карта на таканаречената безбедносна зона во јужен Либан.
Од новата карта објавена денеска се гледа дека израелските сили веќе дејствуваат неколку километри подлабоко на либанска територија. Според прикажаните податоци, израелската армија се приближила и до градот Набатија, северно од реката Литани, кој се смета за едно од упориштата на Хезболах.
Териториите под израелска контрола се означени со темноцрвена боја и се дефинирани како „безбедносна зона во која дејствуваат војници на ИДФ“.
Иако израелските сили дејствуваат во дел од овие области веќе со недели, досега немаа објавено официјални податоци за проширената зона на контрола.
МИА
Ново на Сител
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
