Израел нема да преговара со палестинските затвореници кои започнаа штрајк со глад
Израел нема да преговара со палестинските затвореници, кои започнаа штрајк со глад, изјави денеска израелскиот министер за внатрешна безбедност Гилад Ердан.
Над илјада палестински затвореници од вчера започнаа штрајк со глад каков што немало долги години. Штрајкот започна по повик на доживотно осудениот на затвор лидер на втората интифада (востание) Марван Баргути.
- Целта на протестот е да се стави крај на злоупотребите на израелските затворски власти, изјави Баргути за весникот „Њујорк тајмс“ од затворот Хадарим во северниот дел на Израел.
Според Ердан, како казнена мерка Баргути бил ставен во самица во друг затвор, нагласувајќи дека повикот за штрајк со глад е спротивно на затворските правила.
- Станува збор за затвореници терористи и убијци, кои го добиваат она што го заслужуваат, и ние немаме причина да преговараме со нив, истакна израелскиот министер.
Портпарол на израелската затворска управа потврди дека во штрајкот со глад учествуваат околу 1.100 затвореници, а властите ќе продолжат „да ги санкционираат штрајкувачите“.
Ново на Сител
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука