Свет
20. October 2023 - 8:56

Израел нареди евакуација на жителите од градот Кирјат Шмона

Израел нареди евакуација на жителите од северниот град Кирјат Шмона, лоциран во близина на границата со Либан, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Кирјат Шмона со околу 23.000 жители и е на околу два километри од граничната ограда. Жителите се носат во пансиони финансирани од државата. Наредбата за евакуација ја одобрил израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

Кирјат Шмона беше погоден од ракетен оган во изминатите денови зa време на судири меѓу вооружените борци од либанската група Хезболах и израелската армија.