Израел нареди евакуација на сите жители околу Појасот Газа

Портпаролот на израелската армија, генерал Даниел Хагари денеска изјави дека војниците добиле наредба во рок од 24 часа да ги евакуираат сите жители од израелските зони околу Појасот Газа, каде се водат борби за ослободување на заложниците.
– Нашата мисија во следните 24 часа е да ги евакуираме сите жители од Газа. Десетици илјади војници се распоредени во оваа зона и ние ќе стигнеме до сите сектори еден по еден додека не го убиеме секој терорист присутен во Израел, наведе генерал Хагари.
Хамас вчераутро изврши ненадеен напад врз Израел и истрела илјадници ракети врз еврејската држава од Појасот Газа, која е под контрола на исламистичкото движење. Стотици борци на Хамас се инфилтрираа на израелска територија, каде што земаа цивили и војници како заложници.
Израелските вооружени сили извршија одмазднички воздушни напади врз Појасот Газа. Продолжуваат и копнените борби меѓу израелските сили и борците на Хамас, кои се инфилтрираа на израелска територија.
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
