Израел изврши воздушен напад врз Сирија
Израел изврши серија воздушни напади врз сирискиот град Алепо, потврди сириското Министерство за одбрана. Како што е наведено во краткото соопштение, сириските одбранбени сили морале да ги активираат и пресретнат „непријателските авиони“.
Сириските медиуми наведоа дека „израелската агресија“ започнала утрово по локалното време и дека сириските авиони морале да реагираат на заканите од Израел. Одбраната е активирана во провинцијата Ал-Сафира, јужно од Алепо.
– Израелскиот непријател изврши воздушна агресија врз југоисточниот дел на Алепо, гаѓајќи одредени локации во областа Ал-Сафира, се наведува во соопштението на Министерството.
Израелските сили и претходно извршија напади врз Ал-Сафир, насочени кон истражувачки комплекс, за кој тврдат дека го користат иранските сили. Според некои информации од израелската армија, таму е сместена елитна единица на Исламската револуционерна гарда (ИРЦГ), за која Ерусалим тврди дека планира напади на израелска територија. Сепак, засега нема индиции дека израелски авиони ја гаѓале истата цел
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај