Израел им препорача на своите граѓани на Синај да го напуштат регионот
Израел им препорача на своите граѓани на египетскиот Синајски Полуостров, кој е зафатен од бунт да си заминат оттаму поради опасност од напади.
Израелски туристи често се предупредуваат за опасноста, на која се изложени во Синај, кој се граничи со Израел, но предупредувањето сега е на највисок степен, соопшти Дирекцијата за борба против тероризмот.
Дирекцијата ја означи заканата како конкретна и многу голема.
- Дирекцијата предупредува дека можат да бидат извршени напади врз туристички објекти во Синај, се вели во соопштението.
Исламскиот бунт во Синај се разгоре по соборувањето во 2013 година на египетскиот претседател Мохамед Морси, кој беше лидер на египетското исламистичко движење Муслиманско братство, по големите протести против неговата влада. Исламистичките борци редовно извршуваат напади преку границата против Израел и стрелаат со ракети кон јужното израелско одмаралиште Ејлат.
Ново на Сител
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси
-
Повеќе од 150 делегации се регистрираа за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам
-
УХМР: До понеделник пониски утрински температури, дневните во пораст
-
МВР: Пријава за угостител кој точел алкохол на малолетно лице во Македонска Каменица
-
Во Штип почна Фестивалот „Shtip Street Food Festival“
-
Најмалку 20 загинати во невреме во САД