Израел ги суспендира контактите со ЕУ за мировниот процес со Палестинците

Израелската Влада одлучи да ги суспендира контактите со функционери на ЕУ околу мировниот процес со Палестинците.
Ваквото решение Владата го донесе како реакција на одлуката на Европската комисија за задолжително етикетирање на израелските производи, кои потекнуваат од еврејските населби на Западниот Брег и од Голанската Висорамнина.
Во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи се вели дека премиерот Бенјамин Нетанјаху наредил „суспендирање на дипломатските контакти со институциите на ЕУ околу прашањето со Плестинците“.
Брисел смета дека изградбата на еврејските населби на Западниот Брег е илегална, што Владата на Израел каегорично го отфрла.
Нетанјаху, кој ја врши и функцијата шеф на дипломатјата, побарал од Министерството да ги прекине контактите со органите на ЕУ.
Пред две недели, Европската комисија одлучи производите што се внесуваат на територијата на ЕУ од Израел, задолжително да имаат етикета на која ќе се објасни од каде тие потекнуваат и на нив да биде истакнато за која еврејска населба станува збор, ако се произведени на Западениот Брег или Голан.
Станува збор за територии што се под израелска контрола по јунската војна во 1967 година.
Израел веќе ја осуди одлуката на Европската комисија како дискриминаторска и контрапродуктивна, но ЕУ смета дека градењето населби на територии освоени во војната, го попречува мировното решение со постоењето две држави - Израел и Палестина.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
