Израел ги негира тврдењата на Хамас дека војници на ИДФ убиле 19 Палестинци кои во ред чекале помош

Владата на Хамас во Појасот Газа соопшти дека 19 лица вчера биле убиени додека чекале во ред на пункт за дистрибуција на помош, што Израел го негираше.
Ваквата смрт во ред за делење помош, доколку биде потврдена, ќе биде последна во серијата убиства на цивили во Газа на кои очајно им е потребна хуманитарна помош.
Медиумите блиски до владата на Хамас објавија дека загинале 19 лица, а 23 се ранети.
Министерството за здравство во Газа објави дека настраданите „чекале камиони со помош на кружниот тек Кувајт“ кога биле погодени од „тенковски оган и гранати од израелската окупаторска армија“.
Израелската армија негираше дека пукала кон група луѓе.
„Лажни се извештаите што тврдат дека израелската армија нападнала десетици жители на Газа во близина на хуманитарен конвој“, се наведува во соопштението на израелската војска.
„Прелиминарните наоди покажуваат дека немало воздушен напад врз конвојот, ниту е утврдено дека израелските сили пукале во луѓе во близина на конвојот“, додаде израелската армија.
Ново на Сител
-

Заврши конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение која траеше 5 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Саем за туризам во Крушево - Адреналински парк, спа центри, мали локални винарии, разни специјалитети
-

Тема на денот со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ
-

Ново поскапување на горивата од понеделник, Собранието ќе гласа за продолжување на кризната состојба
-

Нови субвенции за жителите на Карбинци
-

Одлична атмосфера на првиот ден од Пиво фест во Прилеп, вкусна скара, ладно пиво и музика за сите вкусови
-

Кој ќе одговара за здравствената криза во Гостивар?
