Свет
13. јуни 2020 - 19:48

Изработката на вакцина против КОВИД-19 влезе во трета фаза

Фармацевстките компании забрзано работат на вакцина за ковид 19. Клиничките истражувања  влегуваат во трета фаза. Американскиот епидемилог Фаучи се надева дека до крајот на годинава вакцината ке биде достапна.

Руските здравствени власти најавија дека дека е можно на нивниот пазар  симултано да  се појават неколку вакцини. Секоја од нив има одреден период на заштитта и допрва ке се види колку ке трае имунитетот по вакцинирањето, објаснуваат во Москва.  Паралелно, со САД  и Русија напори се прават во Кина и Европа. Од СЗО  апелираат до светските лидери  новата вакцина да биде достапна за сите, а не сами за богатите и мокни земји.

Загриженост за достапноста на новата вакцина постои и во ЕУ.  Земјите членки го поддржаа фонд од 2,4 милијарди евра со кој однапред би се купиле вакцините против Ковид 19.  За набавка надлежна би требало да биде  Европкста Комисија, но  и покрај ваквото декларативно заедништво, Германија , Франција Италија и Холандија веке одделнио преговарат со фармацевтските компании за  кушување на вакцините.