Изработена Нацрт верзијата за развој на туризмот за следните пет години
Министерството за економија во соработка со консултантска куќа од Австрија ја изработи нацрт верзијата на Националната стратегија за развој на туризмот за следниот петгодишен период.
Нацрт верзијата за периодот 2016-2021 денеска беше презентирана пред надлежните институции и здруженија и пред туристичките работници.
Според Кристофер Хинтенгер, експерт за туризам и координатор на проектот за изработка на стратегијата, потребно е да се инвестира и да се воспостави организациска структура за да се овозможи поголем развој на туризмот.
- Туризмот претставува стопанска гранка која е во подем и тоа го покажуваат и бројките. Тие покажуваат дека има растечки тренд на бројот на ноќевањата што се должи на активностите на Владата. За развој на туризмот важно е приватниот и јавниот сектор да ги реализираат своите активности, а Владата треба да инвестира во развој на туризмот и да се воспостави организациска структура што ќе ги менаџира активностите, изјави Хинтенгер.
Според Шовкет Хазари, советник за туризам и угостителство во Министерството за економија, туризмот е важна гранка која го поттикнува развојот на уште три до четири други гранки.
- Туризмот е релевантна гранка која повлекува уште три до четири други гранки кои имаат индиректен импакт врз туризмот, рече Хазари.
Статистичките податоци покажуваат дека во последниве години во Македонија е зголемен бројот на ноќевања и бројот на туристи, особено на странските туристи.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани