Изминатите три дена во Скопје 19 сообраќајки

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 19 сообраќајни незгоди.
Во петокот сообраќајната полиција извршила увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, пет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден патник во автобус.
Се случила и една сообраќајка во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во саботата, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобил еден сопатник.
Сообраќајната полиција вчера извршила увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, една е со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и тројца сопатници.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник во автобус.
Во текот изминативе три дена сообраќајната полиција санкционирала 78 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, 12 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 10 возачи поминале на црвено светло на семафор, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, 38 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и 32 возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена сообраќајната полиција отстранила 94 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Ново на Сител
-

Тошковски: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите
-

Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите
-

Казнетата новинарка Вејсели: Срамен преседан е да бидам казнета зашто го објавив името на судијата, во Тетово и Гостивар не е како во Скопје
-

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
