Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци, 172 санкционирани возачи на мотоцикл
Изминатиот викенд полицијата во земјава издала вкупно 1077 платни налози, од кои дури 174 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 65 за возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 172 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење на заштитна кацига.
-Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 156 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 149 за недозволено паркирање. Санкционирани се 58 лица кои не користеле сигурносен појас, изречени се 24 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на црвено светло, а изречени се и три прекршоци за возачи на електрични тротинети, се вели во соопштението од МВР.
Исто така, согласно Законот за возила, 49 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила заради техничка неисправност.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
САД го намалуваат бројот на службеници на Блискиот Исток поради зголемени тензии
-
Навивачот хоспитализиран за време на натпреварот Финска – Полска почина во болница
-
Без вода корисниците од улицата „Осло“ во Карпош
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Во Албанија е идентификуван првиот случај на мајмунски сипаници
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Нови учебници, интегрирање на вештачката интелигенција, воведување целодневна настава, најавува министерката Јаневска
-
Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес