Изминатата седмица во Скопје 82 сообраќајки, четворица тешко повредени

Во периодот од 27 октомври до 2 ноември на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 82 незгоди. Од нив, во четири со тешки телесни повреди се здобиле двајца пешаци, еден возач и еден сопатник.
Триесет и една незгода биле со последица телесни повредни, во кои со полесни повреди се здобиле 46 лица, а 47 незгоди биле со последица материјална штета.
Во текот на изминатите седум дена од страна на сообраќајната полиција биле преземени голем број засилени мерки при што биле откриени и санкционирани поголем број на прекршоци. Од нив, санкционирани биле 89 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 21 возач го управувале возилото под дејство на алкохол, осум возачи поминале на црвено светло на семафор и 12 возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не ги почитувале правилата за престигнување. Затекнати биле и 30 пешаци кои поминале вон пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во овој период биле отстранети 384 возила.
Ново на Сител
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
