Изминатата ноќ 20-годишник прободен со нож, три сообраќајки и 23 акутни интоксикации
На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23.
Освен повредени во три сообраќајни незгоди, на Ургентен бил донесен и 20-годишен пациент кој при физички напад бил прободен со нож.
Тој е примен на Клиниката за торако-васкулара хирургија и е во стабилна состојба.
Еден пациент, пак, е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и, исто така, е во стабилна состојба.
На Клиниката за токсикологија сите случаи биле акутни интоксикации и ниту еден пациент не е задржан. По прегледите пациентите се пуштени дома. Притоа, повеќето биле жени.
-На Ургентниот центар во Скопје изминатата ноќ беа извршени 103 прегледи од кои три беа од сообраќајни незгоди.
Еден пациент е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и е во стабилна состојба. Имаше и три физички напади, еден пациент е примен на Клиниката за торако-васкулара хиругија.
Се работи за убод со нож, но пациентот е во стабилна состојба. Сите останати случаи се со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување, изјави д-р Ерен Сејфула, ортопед.
Според д-р Кирил Наумовски од Клиниката за токсикологија, бројот на актуните интоксикации поврзани со психоактивни супстанци расте секоја година. -Ноќта помина во најдобар ред.
Го држиме порсекот од изминатите години со 23 прегледи заради акутни интоксикации од кои 12 со 11 се полнолетни и малолетни. Најмладите пациенти годинава беа над 14 години, а најстариот 63 години.
Сите прегледани во изминатите 24 часа се испратени на домашно лекување, ниту еден не е задржан, информира Наумовски, додавајќи дека многу често дел од пациентите не ја кажуваат вистината и велат дека пиеле само алкохол.
Ново на Сител
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва
-
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста
-
НЕПТУН слави 10 години на HAPPY програмата за лојалност
-
Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада, по изјавите на Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи