Изминатата недела со Ковид-19 заболени уште 131 лице во државава

Од 26 август до 1 септември, тестирани се вкупно 379 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, регистрирани сe 131 нов позитивен случај, со намалување од 38,5 отсто во однос на минатата недела, пишува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен попладнево.
- Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје - 67, Охрид - 15, Тетово - 11 и од Кавадарци - десет. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Со статус „оздравени“ се стекнале 194 лица. Во текот на минатата недела, не се пријавени починати лица асоцирани со Ковид-19, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Податоците покажуваат дека од појавата на првиот случај на Ковид-19 во државава, на 26 февруари 2020 година, а заклучно со вчерашниот ден, пријавени се вкупно 351.708 заболени и 9.995 починати лица асоцирани со коронавирус. Во текот на 2024 година, регистрирани се вкупно 1.392 заболени и 16 починати лица асоцирани со коронавирус.
- Се препорачува следење на основните мерки за превенција на Ковид-19 и останати респираторни заразни заболувања. Вакцинацијата останува специфична превентивна мерка обезбедувајќи заштита од тешки форми на болест, иако овој заштитен ефект, со тек на време се намалува. Продолжува препораката за вакцинацијата на лицата со висок ризик од тешки форми на болест и лош исход - како што се повозрасните лица, се додава во извештајот на Институтот.
Ново на Сител
-

Во Влада состанок за Реформската агенда
-

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер
-

УХМР: Во вчерашното невреме на повеќе локации во државата беа регистрирани оркански удари на ветер
-

Мицкоски за штетите од невремето: Имаме механизми за помош, никогаш не сме ги оставиле граѓаните да се снаоѓаат сами
-

Над 30 повредени во силното невреме што вчера го зафати Скопје
-

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години
-

Рокас: Покажавте капацитет за спроведување на реформите, владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција
-

Сали: Евроинтеграцијата бара заедничка одговорност и консензус, политичките разлики не треба да ги блокираат реформите и придобивките за граѓаните
