Измените на Законот за локална самоуправа на собраниска седница
Собранието денеска треба да ја започне 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината.
За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. Според информациите од Собранието, пратениците на ДУИ ќе го поддржат законот, а пратеничката група на СДСМ до вчера доцна попладне немаше се уште изградено став како ќе гласа на седницата за овој закон.
По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.
На предложениот дневен ред на седницата се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање, Предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Предлог за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно - истражувачка дејност, од редот на студентите. Потоа измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за медиуми, измени на Законот за архивски материјал, на Законот за користење на податоците од јавниот сектор, измени и дополнувања на Законот за бесплатна правна помош, сите по скратена постапка и други.
На дневен ред се и неколу закони во прво читање и годишни извештаи.
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата