Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
Предлог-измените на Законот за возила со кои се очекува да се олесни процесот на регистрирање на возилата денеска го поминаа собранискиот филтер во матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.
Претседателот на Комисијата, кој воедно е и еден од предлагачите, Бојан Стојановски образложи дека измените се направени со цел да се поедностави процесот на регистрирање на возила. Со измените им се дава можност на станиците за технички преглед да даваат потврда за регистрирано возило, врз основа на претходно утврдени критериуми, која ќе се поистоветува со печатот во сообраќајната дозвола. Се предлага исто така регистрацијата да се врши на цела територија на државата, а не како досега во близина на местото на живеење.
- Во разговор со нашите сограѓани и со организациите кои ги опфаќа овој закон дојдовме до заклучок дека процесот на регистрирање на возило може да биде пресложен особено заради тоа што има мал број извршители во Министерството за внатрешни работи кои работат во станиците за технички преглед што значи дека и целосно да е завршена процедурата за преглед на возилото, сепак ќе треба да чекате неколку дена за да добиете печат во сообраќајната дозвола и затоа одлучивме да направиме неколку новитети, рече Стојановски.
За овој Предлог-закон, како што информираше Стојановски, не се поднесени амандмани во законскиот рок.
На 33. седница на Комисијата поминаа и измените на Законот за метрологија во прво читање.
Ново на Сител
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса