Македонија
5. September 2021 - 8:28

Изменет режим на сообраќај денес во Скопје

По повод денот на независноста во централното градско подрачје во Скопје на 08.09.2021 година (среда) ќе се одржи централна прослава „30 години независност“.
Поради генерална проба за настанот, на 05.09.2021 година (недела), од 07:30 до 12:30 часот и од 15:30 до 20:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат:

- бул. „Кочо Рацин“ на потег од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“.
- ул. „11 Октомври“ на потег од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“.
- ул. „Филип Втори“ на потег од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11-ти Октомври“.
- кеј „13–ти Ноември“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“.
- ул. „Мирче Ацев“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“.
- ул. „Димитрија Чуповски“ на потег од порта Македонија до бул. „Климент Охридски" и
- ул. „Даме Груев“ од крстосница со ул. „Македонија“ до ул. „11-ти Октомври“.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

И вториот ден ќе се одржат три панели. На првиот панел посветен на јавните приватни инвестиции и конкуретноста се очекува да бидат презентирани идеи за можностите за поголема инволвираност на приватниот сектор. Говорници ќе бидат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, потпретседателот на ЕИБ, Лилјана Павлова, потпретседателот на ЕБРД, Јурген Ригтеринг, министрите за економија и за транспорт и врски Крешник Бектеши и Благој Бочварски, регионалниот директор на ИФЦ за Централна и Југоисточна Европа, Ари Наим, како и претседателите на трите најголеми стопанските комори во земјава Бранко Азески, Данела Арсовска и Неби Хоџа.

Во вториот панел во вторник насловен „Паметен и зелен раст на економијата“ говорници се еврокомесарот Паоло Џентилони, извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс, директорот на СБ за РС Македонија, Масимилијано Паолучи, регионалниот директор на МИГА за Европа и Централна Азија, Олга Шловскаја, постојаната претставничка на УНДП во РС Македонија Нарине Сахакјан и министерот за животна средина Насер Нуредини.

Конференцијата ќе се заокружи со панел посветен на човечкиот капитал кој е клучен за развој и раст на економијата. Се очекува да бидат презентирани идеи кои ќе дадат одговор како да се зајакне образовниот и здравствениот систем, како и други клучни прашања во овој дел. Говорници ќе бидат Ролф Вензел, гувернер на Развојната банка на Советот на Европа, министрите за здравство, образование, надворешни работи, локална самоуправа и култура во земјава, како и Хари Патринос, менаџер за образование во СБ за Европска и Централна Азија и Јамеле Риголини, програм лидер за човечки развој во СБ за Западен Балкан.

Завршните заклучоци од конференцијата ќе бидат презентирани од министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и државниот секретар во Министерството за финансии Јелена Таст.

Идејата за организирање на оваа меѓународна конференција, велат од Министерството за финансии, произлегува од заложбата за промовирање и спроведување инклузивен дијалог со социјалните актери. Се очекува конференцијата да ги постави темелите и во иднина таа да прерасне во традиција и да има силно влијание во регионот и Европа.