Измена на Законот за буџет за побрза исплата на средствата во непогоди
За побрза исплата на средства во услови на елементарни непогоди, како поплавата од 6 август, Министерството за финансии денеска предложи по брза постапка да се направат измени на Законот за буџет со кои ќе се овозможи Министерството да прави пренамена, прераспределба на средства на 5 отсто од буџетот.
Досега Министерството имаше право да прави прераспределба на средства во буџетот во износ до 5 милиони евра.
Министерот за финансии Кирил Миноски денеска на собраниска седница, на која законот доби поддршка да оди по брза постапка, образложи дека е нужно носење ваков закон за во иднина постапката за обесштетување да оди многу побрзо.
Инаку, Владата веќе ги исплаќа авансните средства на граѓаните кои претрпеа штета од поплавите. Целосната исплата на штетите ќе биде откако ќе помине ребалансот со кој се предвидуваат средства за поплавата, за кој расправата е закажана следната недела во Собранието.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори